Филип Рикер: Има прогрес во евроинтеграциите кај балканските држави

Од:

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер за Радио Слободна Европа изјави дека има прогрес кај балканските држави во поглед на европските интеграции, но ја нагласи потребата балканските лидери да ги зајакнат напорите за понатамошен прогрес.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, Рикер ја издвои Хрватска, која беше примена во ЕУ на 1. јули, како земја што постигнала „голем напредок“.

Високиот дипломат на САД, исто така ги пофали „огромните напори“ на Србија и на Косово, кои заедно со ЕУ работат на нормализирање на меѓусебните односи.

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, Рикер оцени дека таму„се уште има проблеми“. Тој го обвини раководството на БиХ дека „одбрало да не функционира“, но додаде дека босанските власти покажале одредена флексибилност и воља за компромис, што би можело да ја поправи состојбата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа