Филе: Земјите-членки на ЕУ да сфатат дека се одговорни за проширувањето

Од:

Проширувањето не е на авто-пилот и потребно е граѓаните, не властите во земјите-членки на Европската унија да видат дека овој процес е кредибилен и да дозволат да се навлезе подлабоко во интеграцијата. Ова е пораката што предмалку ја испрати еврокомесарот за проширување и соседство, Штефан Филе, најавувајќи ги најновите прогрес-извештаи што Европската комисија ќе ги издаде за напредокот на змејите-кандидати и потенцијални кандиати за влез во Унијата во нивните евроинтеграции.

Како што јавува дописникот на МИА, Филе, за кого овие извештаи се последни што ќе ги објави од комесарската позиција, додаде дека ЕУ-земјите се повеќе го водат проширувањето отколку порано и тие се одговорни за водење на оваа важна политика.

– На 8-ми октомври, ЕК ќе ги издаде следните прогрес-извештаи за проширувањето. Тоа ќе биде петтиот и последен прогрес-извештај за мене. Секој од нив беше посебен, а овој ќе биде посебно специјален оти ќе има три работи: проширување, земјите-членки и кандидатите за членство – констатира Филе на почетокот на својата изјава.

Според првиот човек за проширување на ЕУ, за проширувањето ќе се констатира нова приказна. Филе вели дека Комисијата започнала да гради нови столбови на политиката на проширување, покредибилна политика која се однесува најпрво на основите. Според чешкито политичар, откако претходно го претставил новиот пристап во преговорите за проширување, со отворање на почетокот на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеење на правото и основните слободи, вториот столб е економско управување за земјите-кандидати, со цел истите да бидат во линија со економските и трговски политики на ЕУ и да ги допрат конкурентноста, растот и креирање на работни места во своите земји.

Третиот столб, според Филе се административни реформи, односно засилување на демократските институции. А, за тоа зошто се важни земјите-членки на ЕУ во однос на проширувањето, комесарот за проширување вели дека причината е тоа што се работи за политички проект зад кој стојат земјите-членки на Унијата.

– Проширувањето не е на авто-пилот, ни треба граѓаните на земјите-членки, не властите, да видат дека проширувањето е се уште е кредибилна и релевантна политика. Не да се прошири Унијата, туку да се дозволи ЕУ да навлезе подлабоко во интеграцијата. Земјите-членки се повеќе го водат проширувањето отколку порано и тие се одговорни за водење на оваа важна политика – посочува Филе.

Во однос на кандидатите и аспирантските земји за членство во големото европско друштво, еврокомесарот потенцира дека претстојните прогрес-извештаи се придонес во борбата не само со заморот од проширувањето, туку и со заморот од спроведување на реформи. За како Еврокомисијата да се посветиме со властите во овие земји да направат граѓаните на истите да го почувствуваат бенефитот од процесот на проширување, не само крајот на истиот.

– Помага подобро да се разбере што мислиме кога говориме за постигнатото оти едностанво кажано, до е граѓантие да го почувстувваат бенефитот од реформите во проширувањето на ЕУ во своите животи – додава Филе.

Како крајна поента во неговата изјава, еврокомесарот за проширување истакна дека овие пет години биле важни за да се врати кредибилноста на процесот на проширување и дека следните пет години ќе бидат важни за да се задржи релевантноста на проширувањето. Според него, важно е да се донесе поголема сигурност и стабилност во европското соседство, што е потребно повеќе од порано оти постои голема конкуренција и притисок.

– Ви благодарам што бевте со мене овие пет години и се надевам дека уживавте, како што уживав јас. Ви благодарам многу – завршува Филе кого на крајот на овој месец ќе го замени Австриецот Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа