Филе: Вратата на ЕУ се отворени за Балкан

Од:

Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе порача дека приемот на Хрватска во ЕУ, е доказ дека вратата се отворени за сите држави од Западниот Балкан и дека нема пократок пат за влез во Унијата.

Влезот на Хрватска е нов доказ за трансформативната моќ на политиката за проширување, истакна тој во видео порака за државите од Западен Балкан, поставен на интернет сајтот на Комисијата.

Тој нагласи дека е јасна пораката за сите држави во регионот дека имаат европска перспектива под услов да ги извршат реформите на полето на владеачките права, воспоставување на демократските принципи и заштита на човековите права.

-Нема полесен пат, ниту волшебна формула-истакна комесарот.

Тој додаде дека Хрватска со влезот во ЕУ не го напушта регионот, туку напротив ЕУ од денес уште повеќе ќе се приближи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија