Филе во посета на Албанија

Од:

Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, денеска ќе престојува во Албанија, што е негова прва посета, откако земјата доби кандидатски статус, на 24 јуни годинава, но и последна неговата посета на Албанија на таа функција.

За време на престојот, првата средба ќе ја има со претседателот на Парламентот, Илир Мета, веднаш потоа со лидерот на опозициските демократи и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, со кого, во јуни, при престојот во Тирана, не се сретна, поради посетата на Баша на Германија.

Според агендата, која ја објавуваат албанските медиуми во 11 часот предвидена е средба со премиерот Еди Рама а половина час потоа започнува тркалезна маса за Дијалогот на високо ниво околу клучните приоритети започната во ноември, со цел интензивирање на ангажирањето на Албанија во спроведувањето на реформите со поддршка на Европската комисија.

Средбата се одржува пред финализирањето на годишниот извештај за напредокот на Албанија кој се очекува да биде објавен во првата половина на октомври.

По тркалезната маса, со која ќе раководат, Филе и Рама а на која ќе учествува и опозицијата, двајцата ќе одржат и прес конференција. Иако ова му е последна посета на Тирана, во агендата на еврокомесарот не е предидена средба со шефот на државата Бујар Нишани. Инаку, претте клучни приоритети за Албанија се човековите и малцински права, судството,корупцијата, организираниот криминал и реформата во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Филе во посета на Албанија

Од:

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, денеска во Тирана ја почнува мисијата за надминување на политичкиот јаз меѓу владејачката демократска партија на премиерот Сали Бериша и опозициската социјалистичка, на Еди Рама, јави дописникот на МИА.

Филе доца синоќа допатува во албанската метропола, и денеска околу 11 часот ја има првата средба со премиерот Сали Бериша, додека напладне ќе се сретне со Рама.

Претходно тој имал средби со евоамбасадорот Еторе Сеќуи и амбасадоот на ОБСЕ Еуген Волфарт.

Комесарот Фуле ќе се обиде да ги поттикне лидерите на двете најголеми политички партии да ги надминат недоразбирањата и да ги забрзаат чекорите кон еворинтеграцијата, со днесување на уште три важни закони кои ги бара Брисел. Како што неодамна изјави Филе, Албанија има шанси во јуни да добие кандидатски статус. По средбите со Бериша и Рама, тој ќе има одвоена средба и со шефот на албанската држава, Бујар Нишани.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина