Фатос Нано се враќа на политичка сцена со нова партија

Од:

Поранешниот лидер на албанските социјалисти и екс премиер Фатос Нано, одлучи да се врати на политичка сцена со нова политичка партија, во која ќе ги собере незадоволните членови од политиката што ја води актуелниот социјалистички лидер и премиер Еди Рама, јави дописникот на МИА од Тирана.

„Еден од незадоволните, кој се очекува да се приклучи кон партијата на Нано е и Бен Блуши, а се споменуваат и Арбен Малај, поранешен министер за финансии и Реџеп Мејдани, екс претседател на Албанија, како и други видни личности од редовите на социјалистичката партија“, пишува весникот „Шќиптарја“.

Иницијативниот одбор, во кој засега се познати имињата на Нано и Блуши, активностите за формирање на партијата ги почнуваат набрзо а партијата ќе биде формирана по локалните избори закажани за 21 јуни.

Како ќе биде именуван новиот политички субјект останува за подоцна.

Фатос Нано (63) кој Социјалистичката партија ја раководеше петнаесет години се повлече од лидерската функција по поразот на парламентарните избори во 2005 година. Уште еден мандат, иако со голем број отсуства беше пратеник во албанскиот парламент, по што целосно се повлeче од политичката сцена.

Инаку, нему му се припишува и најголемата заслуга за приближување на односите на Македонија со неговата земја.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент