Европските лидери одлучуваат за датум за Србија

Од:

Во Брисел  шефовите на држави и влади на државите-членки на Европската унија денеска ќе донесат конечна одлука за датумот за почеток на пристапни преговори со Србија.

Европските лидери на вториот ден од самитот ќе расправаат за датум врз основа на препораки што пред два дена во Луксембург ги усвои Министерскиот совет, составен од шефовите на дипломатии на државите-членки.

Министрите препорачаа Србија да почне пристапни преговори најдоцна во јануари 2014 година.

Германија инсистира Советот на ЕУ во декември оваа година уште еднаш да ја потврди таа одлука откако ќе се увери дека договорот за нормализација на односите Белград-Приштина во целост се спроведува.

Иако мнозинство други членки бараа преговорите да почнат порано без дополнителна потврда од Советот, механизмот на одлучување бара консензус така што е речиси извесно дека преговорите нема да почнат пред јанаури, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија