Европски пратеник: Србија ги исполни условите за датум

Од:

Србија ги исполни условите за добивање датум за почеток на преговорите кога станува збор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, оцени денес во Белград пратеникот во Европскиот парламент и член на групата социјалдемократи Кнут Флекенштајн.

Флекенштајн истакна дека реформските напори кои што ги интезивираше новата влада на Србија може да дадат поддршка за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ.

-Во декември 2012 година Советот на ЕУ бараше Србија да оствари суштински напредок во преговорите со Приштина и по мене е јасно дека таа условот го исполни-изјави тој.

Европскиот пратеник наведе дека очекува Советот на ЕУ на 28-ми јуни да донесе одлука и да го отвори патот на Србија, кон ЕУ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани