Европската Унија дозволува извоз на вакцини во земјите од Западен Балкан

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцинирањето во Европската Унија се забрзува и оти останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во говорот пред Европскиот парламент, Фон дер Лајен предупреди на претстојната борба против новите варијанти на вирусот и истакна дека земјите од Западен Балкан се изземени од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

– На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и авторизација на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат договорите со ЕУ. Автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК посочи дека досега се испорачани 26 милиони дози вакцини во ЕУ и дека вакцинирани се околу 17 милиони луѓе. Сè уште не сме таму каде што би сакале да бидеме во борбата против вирусот, нагласи Фон дер Лајен.

Таа призна дека ЕУ била „премногу оптимистична“ кога станува збор за масовно производство на вакцини, но исто така ги отфрли сите критики за заедничката набавка на вакцини, која сега доцни со испорака до земјите членки.

– Во право бевме кога одлучивме колективно да нарачаме вакцини како Европејци. Сè друго би било економска глупост и крај на нашата заедница, рече таа.

Во обраќањето до Европскиот парламент, претседателката на ЕК оцени дека „науката ја надминала индустријата“ и за значително пократок временски период отколку што е вообичаено и обезбеди вакцини, кои пак, индустријата има проблем да ги произведе во доволни количини.

Покрај најавата за поддршка за масовно производство на вакцини, Фон дер Лајен најави и координација во рамки на ЕУ кога станува збор за борба против нови мутации на вирусот.

– Немаме многу податоци за ефикасноста на вакцините против новите варијанти на вирусот. Тие ќе продолжат да се појавуваат и ние мора веднаш да се подготвиме. Треба да се осигураме дека сме безбедни следната зима и подолго, заклучи Фон дер Лајен.

Таа најави презентирање на нова агенда за следната недела за подготовка на ЕУ за борба против новите варијанти на вирусот.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија