Европарламентот го изгласа извештајот за Албанија

Од:

Европскиот парламент го усвои извештајот за интеграција на Албанија во ЕУ. Веста ја соопшти пратеникот Таулант Бала од Социјалистичката партија, кој ја предводи албанската делегација.

На Твитер тој напиша дека извештајот го подготвил европратеникот Кнут Флекенштај и оти ЕП дал поддршка на препораките за отворање на преговори на Албанија со ЕУ.

„Европарламентот со 459 гласови „за“ го изгласа извештајот за 2018 година во полза на Албанија. Извештајот целосно ги поддржува препораките на Европската комисија, со што се дозволува отворање на преговорите“, напиша Бала.

Против извештајот гласале 112, а воздржани биле 62 европратеника.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел