ЕУ се закани дека ќе ја запре помошта за БиХ околу мигрантите

Од:

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ги предупреди властите во Босна и Херцеговина дека Европската унија може да им ја скрати помошта во рамки на „миграцискиот менаџмент“, бидејќи не ги почитуваат правилата за давање помош на бегалците.

Во остро интонирано писмо до раководството на северозападната област Краина, каде се испраќаат сите бегалци кои влегуваат во БиХ, таа нагласува дека ЕУ ќе преиспита дали во иднина да и помогне на БиХ во врска со сместувањето на бегалците кои се на нејзина територија.

ЕУ досега и помогна на земјата со 60 милиони евра за да изгради шест центри за бегалци, во кои во моментов живеат околу 6.000 лица, додека се проценува дека околу 1.500 бегалци преживуваат во сурови, нехумани услови во градови во Босанска Краина.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство