ЕУ ќе ја пофали Србија, но нема да даде рок за старт на преговорите

Од:

Во заклучоците што ќе бидат усвоени следната недела на Самитот на ЕУ, Брисел ќе ја пофали Србија за спроведените реформи, но нема да определи рок за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, објави државната Радио телевизија Србија (РТС).

Според истиот извор, во предлог-документот за напредокот на Србија, се изразуваат пофални зборови за постигнувањата и реформите во правосудството, борбата против корупцијата и за амбициозните економски и структурни реформи.

Белград во документот е пофален и за професионалниот однос во досегашниот тек на преговорите и скринингот, но нема прецизен рок за отворање на првата глава од преговорите за членство, наведува РТС.

Во документотм според телевизијата, стои дека ЕУ се надева на „одржување на следната пристапна конференција и на отворањето на првите глави во преговорите“.

Според РТС, ваквата формулација се должи на ставот на Германија дека не е можно да започнат преговори по другите глави пред да завршат оние по главата 35, која се однесува на нормализација на одностите меѓу Белград и Приштина.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт вчера изјави дека нема услови за отпочнување на преговорите за членство на Србија во ЕУ на почетокот на следната година, кога се очекуваше да стартуваат разговорите по главите 23 и 24 од пристапниот договор.

Главите 23 и 24 се однесуваат на почитување на човековите права, реформата во правосудството и борбата против корупцијата, кои вообичаено се во центарот на интерес на ЕУ на почетокот на сите пристапни преговори.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија