ЕУ изрази жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање

Од:

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица).

Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени на патиштата кон тоа село и повика на смирување на состојбата.

– Утрово беа блокирани сите патишта кои водат кон селото Бање, пред планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ. До тие моменти посетата се одвиваше во мирна атмосфера, со целосна поддршка од сите надлежни авторитети. ЕУ жали што тој дел од посетата требаше да биде одложен. Бараме од сите кои се одговорни да го зачуваат редот и да обезбедат слободно движење во текот на целиот ден, изјави Апостолова.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи