ЕУ и донираше на Албанија 20.000 тестови за Ковид-19

Од:

Европската Унија и донираше 20.000 тестови на Албанија за Ковид-19, информираше амбасадорот на мисијата во ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.

Сореца во објава на Фејсбук наведува дека овие тестови се заради поквалитетна анализа и додава дека „ЕУ стои покрај Албанија“.

– 20.000 тестови ќе бидат на располагање на Институтот за јавно здравје во Тирана. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ стои до Албанија, посочува Сореца.

Според последните информации од Институтот за јавно здравје, во Албанија регистрирани се 609 заразени од Ковид -19, од нив оздравени се 345, додека починати 26 лица.

Од почетокот на март до сега се тестирани 6.017 сомнителни случаи на Ковид-19.

Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 40 пациенти, што е за четворица помалку споредено со вчера. Од нив 10 пациенти се на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек