Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, изјави дека по новиот колапс на разговорите меѓу Белград и Приштина, пристапот треба да се смени од страната која, како што наведе, постапува според на принципот – земи или остави.
Ескобар изјави дека Белград се уште е охрабрен да биде конструктивен и трпелив во дијалогот и да не прави ништо што би допринело за дестабилизација.
Тој рече дека е јасно кои се обврските на Приштина и дека изјавата на високиот претставник на ЕУ, Јосеп Борељ е многу јасна за тоа.