Габриел Ескобар: Игнорирајќи го дијалогот, Приштина ги игнорира и европските партнери

Од:

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека со игнорирањето на дијалогот со Белград, Приштина ги игнорира своите европски партнери, кои, како што наведе, затоа е невозможно да се убедат во однос на нејзината понатамошна интеграција на меѓународната сцена.

За време на онлајн-конференцијата од Брисел, Ескобар се осврна на изјавата на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховенје, дека во моментов е тешко САД да застанат зад Приштина на меѓународната сцена.

„Патот кон ЕУ и НАТО води низ пет земји кои не го признаа Косово. Тие земји би сакале да видат напредок за сите прашања кои се вклучени во дијалогот што го води ЕУ. Со игнорирање на дијалогот, Косово ги игнорира европските партнери и е невозможно да ги убедиме да постигнат напредок во понатамошната интеграција на Косово. Многу сум загрижен што Косово не ја слуша американската понуда за партнерство за понатамошни и побрзи интегративни потези“, рече Ескобар.

Тој исто така додаде дека САД, таа земја, се посветени на продолжување на дијалогот и дека нема алтернатива за дијалогот.

За време на онлајн-конференцијата тој ги повика Белград и Приштина да го почитуваат договореното во Брисел и да го спроведат договореното со добра волја и да спречат провокации.

Би можело да ве интересира

Габријел Ескобар: Српската заедница на Косово страда, итно се потребни решенија

Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

Ескобар: Приштина мора да го промени пристапот, Белград да биде трпелив

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД

Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ

Мицкоски му рекол на Ескобар дека власта погрешно го информира, избегна да даде изјава по средбата

Катерина Ѓуровски