Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

Од:

Северна Македонија е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ и Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ, изјави денеска американскиот заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар.

– Претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата, изјави Ескобар на брифинг во Брисел пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.

Тој изрази надеж дека по изборите ќе се создаде можност да допатува во земјата, бидејќи како што нагласи за време на сегашниот престој во регионот ќе биде посветен на актуелните прашања како оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.

На прашање дали Предлог-резолуцијата на американскиот Сенат со која се бара отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава без дополнителни билатерални услови, претставува промена на позицијата на САД во однос на промената на Уставот, Ескобар нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија се важни членки на НАТО и сојузници на Вашингтон, па затоа американската Администрација сака мирно разрешување на сите прашања.

Според него, САД се залагаат за продолжување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија базиран на факти и се посветени на определбата за одржување на европска перспектива на земјава.

– Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ, додаде Ескобар.

Според него, токму отворените прашања во регионот го прават Западниот Балкан подложен на злонамерно мешање од страна, вклучително од Русија, па за намалување на опасноста од тоа треба да се работи на надминување на неразрешените прашања.

Би можело да ве интересира

Габријел Ескобар: Српската заедница на Косово страда, итно се потребни решенија

Габриел Ескобар: Игнорирајќи го дијалогот, Приштина ги игнорира и европските партнери

Горан Наумовски

Ескобар: Приштина мора да го промени пристапот, Белград да биде трпелив

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД

Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ

Мицкоски му рекол на Ескобар дека власта погрешно го информира, избегна да даде изјава по средбата

Катерина Ѓуровски