Ескалација на спорот меѓу Анкара и Берлин

Од:

Тензиите во односите меѓу Германија и Турција дополнително ескалираа денеска кога германското Министерство за надворешни работи му врачи овицијалнен протест на турскиот амбасадор во Берлин.

Острата германска реакција доаѓа по изјавата на турскиот министер за ЕУ, Егемен Багиш, кој ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека ја користи ситуацијата во Турција за „потребите на нејзината изборна кампања“ и обидот да добие уште еден мандат.

Расправијата избувна по остратата критика што официјален Берлин ја упати на сметка на турската Влада околу односот кон учесниците во антивладините протести во земјата и изјавата на Меркел дека е „шокирана“ од бруталноста на турската полиција.

Гневот во Анкара се зголеми кога анонимен европски допломат соопшти дека Германија се спротивставила на отворање нова глава од преговорите со Турција, како реакција на преголемата бруталност на полицајците кон турските демонстранти, но и на острата владина реторика кон учесниците во протестите.

Германија е единствената од големите земји во ЕУ, која заедно со Европскиот парламент остро ја осуди бруталноста на турската полиција во задушувањето на протестите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски