Ештон: Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи во јануари

Од:

Разговорите меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе продолжат во јануари, изјави синоќа високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон.

Таа наведе дека имплементацијата на интегрирано управување на границата, што вчера почна на два премини, е знак дека може да се постигне поголем напредок на следната средба на премиерите.

– Имплементацијата на договорот при тешки услови покажува какви се можностите. Ни претстои уште работа и големи предизвици, но сега сум убедена дека е можен договор, посочи Ештон.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија