Ердоган: Зарем помалку развиените земји немаат право на живот?

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека Западот е нем пред фактот дека во Сирија од почетокот на граѓанската војска се убиени 336 илјади лица.

Ердоган говореше за Сирија во вчерашното обраќање пред учесниците на Конференцијата за борба против ерозија и климатски промени (УНЦЦД), која е одржана во Анкара.

Тој упати остри критики до меѓународната заедница бидејќи не прави ништо против уништувањето на голем дел од историското, материјалното и духовното културно наследство на човештвото, со застрашувачки податок дека масакрирани се повеќе од триста илјади цивили.

– Не важи ли најосновото право на живот, кое го уживаат на Запад исто така и за земјите, кои се помалку развиени, праша Ердоган.

Тој нагласи дека главна причина за глобалните проблеми, со кои се погодени сите луѓе на планетата е тоа што човекот како живо суштество е изолиран од своето еколошко опкружување.

– Во светот, во кој свеста се претвора во пустина, невозможно е да се избегне на ист начин да се деградира и земјиштето, заклучи турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски