Ердоган во албанскиот Парламент: Албанија стратешки партнер на Турција, но мора да преземе мерки против „ФЕТО“

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето пред пратениците во албанскиот парламент рече дека Турција и Албанија изградиле односи кои имаат длабоки корени и дека Турција ја гледа Албанија како стратешки партнер.

Тој додаде дека помошта на Турција за Албанија ќе биде голема, за дополнително да се продлабочи овој одличен однос меѓу двата народа.

– Веднаш по прогласувањето на Република Албанија беше направен еден од првите договори, а тоа е договор за вечно пријателство, кој во основа потврдува дека нашите односи не се само меѓу државите, туку и луѓето. Иако меѓу нас има физички граници, за нас Албанија е сосед во срцето, рече меѓу другото Ердоган.

Тој оцени дека односите меѓу двете земји се подигнати на ниво на стратешко партнерство.

Во обраќањето тој уште еднаш ја истакна борбата против организацијата на Фетула Ѓулен, како услов за пријателство на секоја земја со Турција. Ердоган порача дека Албанија мора да се бори против оваа организација, да преземе мерки за да се избегне судбината на Турција и да не се затемнуваат братските односи.

-Се надевам дека тоа што го направивме ги залечи раните на Албанците. Албанците треба да ја земат предвид чувствителноста на Турција… Очекуваме Албанија да преземе мерки против Фето и да не дозволи да ни ги помрачат односите, рече тој.

Ердоган најави дека на располагање на Албанија ќе и бидат и вакцините Турковакс.

Најавувајќи го неговото обраќање, претседателката на парламентот Линдита Никола, турскиот претседател го нарече „ почитуван пријател на Албанија и на Албанците“.

Со обраќањето во албанскиот парламент Ердоган ја заврши днешната посета на Албанија, при што тој не се сретна со неговиот албански колега Илир Мета.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар