Ердоган треба да биде чесен во врска со мировниот процес

Од:

Претседателот Реџеп Таип Ердоган често велеше дека е горд за она за кое вели дека е негово обмислено чедо, имено за мировниот процес со цел да се реши стариот проблем на Турција со Курдите, и да се стави крај на насилствата со забранетата Курдска работничка партија (КПП). Сепак, одржувањето во живот на овој процес, секој ден станува се потешко онака како што севкупното политичко опкружување во регионот за Турција излегува од контрола.

Во прилог на ова Партијата на правдата и развојот (АКП) отиде подалеку од било која претходна влада во однос на проблемот со Курдите, и направи дури и нешто незамисливо за националистите со нивно вклучување во мировните разговори со КПП, која секој просечен Турчин ја смета за терористичка организација која на своите раце има турска крв.

Но неколкуте изборни победи на КПП покажаа дека постои јавна подршка за овој процес. Надежта која постои јасно покажува дека овој процес заедно со турско-курдскиот јаз може да биде поправен откако во минатото беше запуштен заради тврдите линии од турска страна, и терористичките акции од курдска страна.

Но, овие надежи се на работ да бидат збришани, заради конфузната позиција на Ердоган во однос на развојот на ситуацијата во Кобани, како и кон Крп и кон Партијата за демократска унија на курдите во Сирија, чии оружени единици се борат против Исламската држава во Ирак и Левант (Идил).

Со изедначувањето на ККП со Партијата за демократска унија на курдите со нивниот смртен непријател Идил, како што тоа го прави, Ердоган ги разгневува турските Курди кои ги сметаат овие курдски групи како народни движења, и кој веќе протестираа за она за кое тие сметаат дека е нечувствителност на Анкара кон борбата за нивно опстанување во Кобани.

Ердоган исто бранува помеѓу сојузниците кои ги испитуваат неговите забелешки токму во ова време. Се разбира, ККП е на листата на терористички организации на САД и кај бројни западни држави, иако е ставен на неа првенствено за да се задоволи Турција како сојузник на НАТО, наместо како вистинска директна закана кон нив.

Оттука, Турција има законско и морално оправдување да одржува тврда линија против оваа организација. Сепак, ако е навистина така, тогаш многу западни дипломати почнуваат да се прашуваат зошто Ердоган избра да ги лути Курдите во регионот, кога постои оваа толку деликатна ситуација во Сирија, а во тек е и мировниот процес во Турција.

По се, Анкара продолжува да разговара со духовнот лидер на ККП, Абдула Оџалан, кој отслужува затворска казна заради тероризам. Простото прашање е: Ако Анкара работи неуморно фокусирајќи се на ККП како терористичка организација, за која се зборува дека е злобна исто како и Идил, зошто тогаш се вклучува во мировни преговори со неа?

Турција исто така се обидува да ја стави Пдук на листата на терористички организации, но западот не е вољен да го стори тоа. Дури и спротивно на ова, тие ја сметаат Пдук за сојузник против Идил. Вашингтон веќе се обврза дека ќе и помага на Пдук, и нема сомнение дека дел од оваа помош ќе дојде и до Крп, која исто така се брои против Идил.

Како Турција се надева да ќе остане кредибилен сојузник против Идил додека дома го одржува својот мировен процес со Курдите, во оваа се поконфузна ситуација, останува отворено прашање.

Следејќи како се развива ситуацијата, повеќето Курди се повеќе веруваат дека уште од почетокот самиот процес е јалов. Многу турци го велат истото, но се задоволни заради него заради нивниот интензивно неприфаќање на мировниот процес со Крп, за кој велат дека е предавнички.

Но на крајот не постои било каква мирна алтернатива на овој процес. Вербата дека Крп може да биде воено победена, дома и надвор, во однос на сегашната ситуација во регионот, без обременување на курдскиот проблем, е погрешно.

Ердоган треба да се врати на почеток и да ја преиспита својата позиција, и искрено да и каже на збунетата јавност каква е всушност неговата политика. Во друг случај, имаме уште еден пример на погрешно решавање на проблемот кој е од витална важност за Турција.

 

Хуриет дејли њуз – Истанбул

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски