Ердоган: Тероризмот ја чини Турција 300 милијарди долари во последните 30 години

Од:

Тероризмот ја чини Турција вкупно 300 милијарди долари во последните 30 години, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

– Во последните 29 години тероризмот однесе многу човечки животи и причини штета врз економијата. Се надевам дека од сега па натаму (во рамки на мировниот процес) нема да се убиваат повеќе луѓе, а освен тоа ќе се придвижи и економијата, истакна Ердоган на вчерашното отворање на обновената Истанбулска берза.

Тој нагласи дека поради стравувањата, поврзани со тероризмот, во Турција не биле реализирани многу инвестициски проекти.

Кон крајот на минатата година Анкара соопшти дека започнала преговори за мир со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, а минатиот месец бунтовничкиот лидер упати повик за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски