Ердоган: Терористи вмешани во нередите во Турција

Од:

Премиерот на Турција, Тајип Ердоган денес изјави дека членови на еден терористичка организација учествуваат во смртоносните антивладини протести кои што се шират во Турција.

Тој додаде дека се приведени седум странци кои се вмешани во немирите.

-Помеѓу демонстрантите има екстремисти, од кои некои се вмешани во тероризмот-изјави тој во Тунис, каде што е во посета на државите од северна Африка.

Ердоган истовремено ја отфрли можноста за откажување од контроверзниот план за преуредување на малиот парк во центарот на Истамбул и покрај масовните протести.

-Членовите на терористичката организација се присутни на плоштадот Таксим, епицентарот на протестот-нагласи тој.

Премиерот на Турција не прецизираше која националност се притворените странци, ниту каде се уапсени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица