Ердоган свика седница на Советот за национална безбедност

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска претседаваше со седница на Советот за национална безбедност, јавија турските медиуми, шпекулирајќи дека Анкара планира воена интервенција во Сирија по успехот на Курдите во борбата против џихадистите.

Два дена по нападите на џихадисти од „Исламска држава“ во кои загинаа над 200 цивили, курдските сили во саботата ги одвратија екстремистите од градот Кобане, кој се наоѓа на сириско-турската граница, пренесува Танјуг.

Состанокот на Советот за национална безбедност доаѓа два дена откако Ердоган изјави дека нема никогаш да дозволи формирање на курдска држава долж границата со Турција на југ.

Напредокот на Курдите предизвика загриженост кај турските власти, кои ги обвинуваат курдските сили во Одредите за народна одбрана, дека сакаат обединување на области од Сирија со курдско малцинство и стравуваат дека зајакнувањето на курдските сили во соседните држави, ќе го охрабри курдското малцинство во Турција, што брои 15 милиони припадници.

Курдските сили моментално контролираат околу 400 километри територии што се протегаат од границата со Кобане во провинцијата Алепо до североистокот на Сирија.

– Порачав на меѓународната заедница дека по никоја цена никогаш нема да дозволиме создавање на нова држава на јужните граници, северниот дел на Сирија, изјави Ердоган во петокот

Во турските медиуми се појавија шпекулации дека Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу на почетокот на неделата барале од армијата да испрати војска во Сирија, а дека командата бара писмена наредба од новата влада, која по неодамнешните избори се уште не е формирана.

Провладиниот весник „Јени сафак“ наведува дека операцијата би вклучивала 18.000 припадници на копнените сили, артилерија и поддршка од воздух на потегот од Кобане на исток до области на запад кои се под контрола на Сириската слободна армија, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Давутоглу во неделата предупреди дека Анкара би можела да преземе неопходни безбедносни мерки за својата граница, истакнувајќи дека Турција е подготвена за секоја можност.

Весникот „Стар“ пишува денеска за можна прекугранична операција, која ќе вклучува формирање зони на безбедност на границата, со должина од 110 километри и дека за тоа треба да биде расправно на денешниот состанок.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека по седницата, во чија работа ќе учествуваат министри и воениот врв, ќе бидат објавени потребните соопштенија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски