Ердоган со намера да разгледа со Трамп создавање во Сирија на зона ослободена од терористи

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има намера да разгледа со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп создавање во Сирија на зона ослободена од терористички органзиации.

– Ние треба да формираме во Сирија зона ослободена од терористи, безбедна зона, а исто и забранета за летови над неа. По 20 јануари во САД почнува со работа новото раководство. Ние тоа ќе го разгледаме со нив, изјави Ердоган.

Тој рече дека Турција од почетокот барала формирање во Сирија на зона ослободена од терористички органзиации каде би можеле да се вратат бегалците.

– Ако не успееме да создадеме зона на безбедност, тоа ќе биде закана за нашите региони кои граничат со Сирија, истакна Ердоган. Тој нагласи дека Турција „нема да дозволи формирање посебна држава во северниот дел од Сирија“.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица