Ердоган се пожали на цената на гасот што Турција го купува од Иран

Од:

За време на својата денешна официјална посета на Техеран. турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се пожали на цената на гасот што неговата земја го купува од Иран. Ердоган во иранската престолнина пристигна во многу напнат момент за билатералните односи.

– Од Иран го купуваме најскапиот гас, изјави турскиот претседател на заедничката прес- конференција со својот ирански колега Хасан Рохани, пренесе агенцијата Анадолија.

Ердоган подвлече дека Турција не сака оваа ситуација и натаму да продолжи и дека е неопходно цената на гасот да биде сведена на „подносливо ниво“.

– Ние купуваме многу сериозен дел, од околу 90-95 проценти, од иранскиот извоз на гас. Тоа, природно, е важен дел. Кога станува збор за цените, меѓутоа, во овој момент ние од Иран го увезуваме најскапиот природен гас, истакна претседателот Ердоган.

Турскиот претседател посочи дека тема на разговорите во иранската престолнина биле и конфликтите на Блискиот исток, борбата со тероризмот, соработката во економската област.

Ердоган и Рохани претседаваа со втората седица на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Иран, на која биле потпишани осум спогодби и еден договор.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски