Ердоган сака авион за верскиот поглавар

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети во разговор за телевизијата NTV дека ќе побара владата на највисокиот верскиот поглавар во земјата да му обезбеди авион, изјавувајќи дека тој би требало да има исти услови како Папата.

Ердоган претходно вети на Мехмед Гормез, претседател на Дијанетот, државната институција којашто се занимава со верските прашања и е наследничка на некогашниот османлиски калифат, ќе му обезбеди луксузен автомобил. Ветувањето го исполни, а Гормез од тогаш е под притисок на јавноста да го врати луксузниот модел „Mercedes S 500“, кој наводно е купен по цена од 385 илјади евра.

Инаку Мехмет Гормез беше единствен од верските челници коишто не го примија челникот на Римокатоличката црква папата Франциск за време на неговата посета на Турција во ноември минатата година. Како познат противник на секаков луксуз, папата тогаш се возеше во автомобил „рено симбол“.

Поглаварот на Римокатоличката црква, инаку, нема свој авион, туку од Рум лета со авион на компанијата „Alitalia“, а се враќа со авиона на националниот превозник на земјата којашто ја посетил.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица