Ердоган предлага формирање алтернатива на ОН

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предложи формирање на алтернатива на Обединетите нации, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Ердоган во телевизиско интервју синоќа ја критикуваше „неактивноста“ на Советот за безбедност на ОН во однос на случувањата во Сирија и Египет.

Ако сметаме дека светот е поголем од петте постојани земји членки на Советот за безбедност, тогаш останатите земји можат да формираат сопствена организација по примерот на ОН. Ваквиот потег може да ги принуди ОН да се реформираат, изјави Ердоган.

Пред неколку месеци турскиот премиер апелираше за реформа на Советот за безбедност на ОН. Ердоган и тогаш, исто така, нагласи дека петте постојани земји членки не го претставуваат целиот свет, наведува „Хуриет дејли њуз“.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски