Ердоган: ПКК не ги исполни ветувањата за повлекување на своите членовит од земјата

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Курдската работничка партија (ПКК) не ги исполнила ветувањата за повлекување на своите членови од турска територија.


Ердоган, истакна дека бројот на членови на ПКК кои се повлекле од Турција, е многу мал.


– Ветувањата за повлекување од турска територија не се испочитувани. Само околу 20 проценти – повеќето жени, деца и повозрасни бунтовници, ја напуштиле земјата, рече турскиот премиер.


Во Турција во тек е процес на преговори за мирно решавање на курдскиот конфликт со лидерот на ПКК Абдула Оџалан.


Курдските бунтовници почнаа да се повлекуваат од турска територија во мај во првата етапа на договорот меѓу лидерот на ПКК и Владата за крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски