Ердоган остро им се закани на Курдите: Ќе им ги скршиме главите на терористите во нивните пештери

Од:

Турција ќе ги прошири воените операции долж нејзината јужна граница, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, два дена откако Анкара соопшти дека 13 турски заложници биле убиени од курдски милитанти за време на спасувачката мисија во северен Ирак.

Ердоган не прецизираше на кои региони ќе се однесува проширувањето на операциите. Турција веќе има воени позиции на северот на Ирак и ја контролира областа што ја опишува како „безбедна зона“ по воените офанзиви во северна Сирија, јави ДПА.

– Нема да чекаме терористите да дојдат кај нас; ќе одиме и ќе им ги скршиме главите во нивните пештери, рече Ердоган, алудирајќи на забранетата Курдска работничка партија (ПКК), која се смета за терористичка во Турција, САД и ЕУ.

Турција ќе ја прошири својата воена интервенција „во региони каде сè уште има големи закани“, рече Ердоган на митингот на неговата владејачка партија во црноморскиот град Трабзон.

– Ние нема да го оставиме тоа туку така. Ќе останеме во областите каде овозможивме безбедност онолку колку што е потребно, додаде турскиот претседател.

Ердоган долго време се обидува да воспостави безбедна зона долж границите на Турција со Ирак и Сирија – да ги одбие ПКК и сириската курдска милиција ЈПГ кои Анкара ги смета за национална закана.

Анкара претходно соопшти дека 13 лица, вклучително и полицајци и војници кои биле заложници од 2015 година, биле погубени непосредно пред операцијата за спасување во планинскиот регион Гара, на околу 35 километри јужно од турската граница. ПКК го отфрли тврдењето.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он