Ердоган: Ниту ПКК, ниту нивните политички наследници се задоволни од мировниот процес за курдското прашање

Од:

Мировниот процес со Курдите во Турција не им се допаѓа ниту на Курдската работничка партија (ПКК), ниту на нивните „политички наследници“- Демократската партија на народите (ДПН), изјави
турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз“.

Ердоган изјавата ја даде вчера, во претседателскиот авион, на враќање од Естонија.

Луѓето во југоисточна Турција се задоволни од него (мировниот процес), но терористичката организација (ПКК) не е задоволна. Нејзиното политичко продолжение (ДПН) исто така не е среќно, затоа што тие го користат (курдското прашање) како монета за раскусурување, рече Ердоган.

Според турскиот претседател, бунтовничкиот лидер Абдула Оџалан, кој издржува доживотна затворска казна и кој е главниот преговарач со државата во мировниот процес, не е задоволен од позицијата на ПКК и ДПН и затоа го пуштил соопштението во кое ги повикува да не му наштетат на процесот.

Коментирајќи го убиството на тројцата војници на улица во југоисточниот округ Хакари, Ердоган рече дека ваквите напади се поврзани со незадоволството на ПКК од мировниот процес.

-Сите овие напади се заради тоа. Тоа се обиди да му се попречи на мировниот процес. ПКК не сака мир во Турција. Политичката партија, која е продолжение на ПКК (ДПН), исто така, не сака мир. Тоа е јасно, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски