Ердоган: Никој одговорен за несреќата во рудникот во Сома нема да мине неказнето

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази уверување дека никој одговорен за несреќата во рудникот за јаглен во која загинаа 301 рудар, нема да мине неказнето.

– Со божја волја, сите ќе извлечеме поуки од оваа катастрофа. Ќе бидеме одлучни како никогаш досега, да се зголеми контролата и преземат неопходните чекори. Никој нема да може да го прикрие овој болен инцидент и сите кривични и административни истраги ќе бидат спроведени и ние строго ќе ги следиме, изјави Ердоган.

Денеска во турскиот парламент е закажана расправа за започнување парламентарна истрага за несреќата.

Судот вчера нареди апсење на уште три лица како дел од истрагата за пожарот во рудник за јаглен во западниот град Сома во кој животот го загубија 301 рудар.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски