Ердоган нема соодветно образование за претседател, тврди опозициски лидер

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган не може да се кандидира за претседател, бидејќи не завршил четиригодишно високо обравование, тврди опозициски лидер.

Јусуф Халачоглу, заменик-претседател на парламентарната група на Партијата на националистичко дејствие, изјави дека во времето, кога завршил Ердоган, факултетот за економски и административни науки на универзитетот Мармара било академија со тригодишен курс на обука.

– Затоа Ердоган не може да биде кандидат за претседател, изјави Халачоглу, појаснувајќи дека според турскиот устав, кандидатите за функцијата треба да имаат завршено најмалку четиригодишно високо образование.

Академијата за економски и административни науки, која ја завршил Ердоган, станува факултет по 1980 година, истакна Халачоглу, кој го повика премиерот да ја покаже дипломата, за да докаже дека ги исполнува уставните барања.

Премиерот Ердоган се уште не ги објавил отворено намерите да се кандидира за претседател на претстојните избори на 10 август, но во јавноста се зборува дека тој ќе биде кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски