Ердоган: Не се гледаме на друго место освен во Европа

Од:

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја повика Европската Унија на дијалог, предупредувајќи го блокот да не стане инструмент на непријателство во услови на ескалација на напнатоста во Источниот Медитеран, пренесе АФП.

Турското истражување на гас во спорните води во Медитеранот за кои и Грција тврди дека го поседува правото, предизвика жестока вербална војна со земјите-членки на ЕУ, кои на почетокот на овој месец ги продолжија санкциите против Анкара за уште една година. Мерките вклучуваат забрана за виза и замрзнување на средствата против лицата кои се вклучени во спорното истражување.

„Очекуваме ЕУ да ги исполни своите ветувања, да не не дискриминира или барем да не стане инструмент за отворање непријателства против нашата земја“, рече Ердоган во видео обраќање на конгресот на владејачката партија во саботата.

„Не се гледаме на друго место освен во Европа“, додаде тој. „Планираме да ја градиме нашата иднина заедно со Европа.

Најавата на Ердоган доаѓа кога во пресрет на самитот во декември, кога европските лидери треба да одлучат дали ќе воведат дополнителни санкции за неодамнешните активности на Турција.

Во истиот говор, Ердоган рече дека Турција сака „активно да ги користи своите долги и блиски сојузнички односи со САД за решавање на регионалните и глобалните проблеми“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп