Ердоган: Не го признавам парламенотот на ЕУ

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно ја критикуваше резолуцијата на Европскиот парламент за настаните во паркот Гези, во своето обраќање во Анкара на Советодавниот одбор на граѓаните, што живеат во странство, објави турската телевизија НТВ.


Видете ја последната одлука донесена од Парламентот на ЕУ, повика Ердоган. – Имате ли право да носите ваква одлука за нас? Вие немате почит кон демократијата. Вашата дефиниција за слобода е различна. Вие се декларирате во заштита на оние што ги кршат слободите на другите, изјави турскиот премиер на адреса на Европскиот парламент.


– Јас сум против заштита на тие, што го нарушуваат моето поле на слобода. Јас не признавам таков парламент на ЕУ, истакна Ердоган.   


Во резолуцијата усвоена минатата недела, европратениците изразија длабока загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ и „бруталната интервенција на полицијата“ против „мирните и легални демонстрации“ во Турција.


ЕП упати предупредување до турската Влада против употребата на „строги мерки против мирните протести“ и го повика премиерот да заземе став за единство и помирување, со цел да се избегне влошување на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда