Ердоган: Ќе ја отвориме границата со Сирија доколку тоа биде неопходно

Од:

Турција е подготвена, доколку тоа биде неопходно, да ја отвори границата и во земјата да ги пушти десетиците илјади сириски бегалци кои останаа заглавени на границата откако побегнаа од нападите на режимот на Асад, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Сирискиот режим сега блокира дел од Алепо… Турција е под закана. Доколку дојдат до нашите врати и немаат друг избор, доколку тоа биде неопходно, ние мораме тоа да го сториме и ќе ги пуштиме кај нас нашите браќа, изјави Ердоган, по враќањето од Сенегал, пренесуваат денеска француските медиуми.

Турскиот премин на границата со Сирија, Енџипинар, остана затворен за илјадниците бегалци кои веќе трет ден чекаат да влезат во Турција, јавија француските медиуми.

„Но, границата и натаму е отворена за итните случаи“, изјави неименуван турски претставник, додавајќи дека седум повредени сириски бегалци во петокот биле префрлени во Турција заради лекување,а вчера било донесено уште  едно повредено лице. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето