Ердоган: Ќе има уште членки кои сакаат да излезат од ЕУ

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЕУ неизбежно ќе се соочи со уште земји кои сакаат да го напуштат овој блок, доколку продолжи по истиот пат.

Во својот говор по повод британскиот референдум и одлуката за напуштање на ЕУ, Ердоган истакна дека Унијата ги одложува напорите на Анкара да влезе во ЕУ поради исламофобија.

Тој ја обвини ЕУ дека користи двојни стандарди и предупреди дека уште земји ќе сакаат да излезат од Унијата.

– Моментната пракса против Турција е исламофобична, затоа одлагаат да не примат. Ако ЕУ продолжи по истиот пат, за кратко време ќе се соочи со нови напуштања, нагласи турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија