Ердоган изразил загриженост пред Путин од можен нов бегалски бран од Алепо

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразил загриженост пред својот руски колега Владимир Путин од тоа што нападите во сирискиот град Алепо и неговата околина може да предизвикаат нов бегалски бран, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извори од кабинетот на турскиот претседател.

Во телефонски разговор Ердоган го подвлекол значењето кое Турција и го дава на борбата против „сите терористички групи, вклучувајќи го и ДАЕШ (Исламска држава)“.

Турскиот претседател на Путин му ги потенцирал врските меѓу сириските курдски „Сили за заштита на народот“ и борците на Курдската работничка партија (ПКК), кои со децении водат борба против турската држава, посочија изворите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски