Ердоган ги пофали младите партиски членови: „Ова не е „ЛГБТ-младина“

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека подмладокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) дека не е „ЛГБТ младина“, фалејќи ги со тоа младите партиски членови и активисти.

Во Истанбул во саботата беа уапсени четворица студенти поради уметничко дело, во кое според турските власти „се комбинирани ЛГБТ симболи со фотографија од еден исламски сајт“, додека вчера беа приведени вкупно 159 демонстранти кои протестираа за апсењето, а околу сто од нив во меѓувреме се ослободени.

Хомосексуалноста во Турција официјално е илегална, а отвореното непријателство на властите кон ЛГБТ заедницата е во пораст изминатите години. Парадата на гордоста во Истанбул беше забранувана пет години по ред до 2019 година, а поради пандемијата со Ковид-19 не се одржа во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица