Ердоган до Папата: Не ја повторувајте грешката со „ерменскиот геноцид“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикуваше изјавата на папата Франциско околу т.н. „ерменски геноцид“ во време на Отоманската Империја и му порача „уште еднаш да не ја повтори оваа грешка“.

Острата реакција на Ердоган доаѓа откако поглаварот на Католичката црква во текот на мисата во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, го оквалификува масовното убиство на Ерменците во 1915 година како „геноцид“.

На мисата во неделата, на која присуствуваа и претседателот на Ерманија и поглаварот на Ерменската црква, папата Франциско го окавлификува страдањето на Ерменците како „прв геноцид во 20-от век“.

Формулаците кои ги употреби сегашниот католички поглавар се наполно идентични со оние што во 2001 година за истите настани ги употреби тогашниот папа Јован Павле Втори.

Тоа сепак не ја спречи острата реакција на официјална Анкара, која во знак на протест го повлече од Ватикан својот дипломатски претставник.

– Кога политичките или религиозните лидери ја играат улогата на историчарите, тоа резултира со бунило, а не со факти, рече Ердоган.

Минатата година тој изрази „сочувство“ за семејствата на жртвите, нарекувајќи ги случувањата од пред еден век како „нечовечност“. Ерменија, меѓутоа, ја отфрли ваквата изјава, затоа што беше одбегнат зборот геноцид.

Турските политичари се спротивставуваат на користењето на терминот геноцид, објаснувајќи дека станува збор за „период на граѓанска војна во која имало жртви и на двете страни“.

Најголемиот број историчари надвор од Турција го користат овој термин за страдањето на ерменските цивили, а повеќе од 20 земји, меѓу кои и Франција, Русија, Германија и Канада, го прифаќаат опишувањето на тие настани како геноцид.

Ерменската влада тврди дека настрадале 1,5 милиони Ерменци, додека Турција зборува за многу помала бројка. За Анкара, најголемиот број од жртвите се убиени во судири во Првата светска војна, која била во тек кога се случиле страдањата на Ерменците, додека за Ереван жртвите се последица на односот на тогашните отомански власти кон ерменскиот народ.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски