„Ер Србија“ поради „Етихад“ нема да може да лета во ЕУ

Од:

Продажбата на „Јат ервејс“ на авиокомпанијата „Етихад“ од Обединетите Арапски Емирати може да доведе до тоа српскиот авиопревозник да остане без право да лета во европските земји, пишува весникот „Данас“.

Европската комисија ја информирала за тоа српската служба за цивилна авијација, посочувајќи дека ефективното управување на новата компанија „Ер Србија“ е спротивно на договорот на ЕСАА за заедничко водушно пространство на ЕУ со соседните земји, чиј потписник е Србија.

Доколку „Ер Србија“ ги изгуби привилегиите, на кои се радува сега врз основа на договорот ЕСАА, тоа значи дека српските авиони нема да можат слободно да летаат кон европските дестинации, така што „Ер Србија“ ќе мора да бара специјални дозволи од секоја земја, до која сака да лета и овие дозволи би можеле да бидат одземени во секој момент, наведува весникот „Данас“.

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски