„Ер Италија“ заминува во историјата

Од:

Акционерите на италијанскиот авио превозник „Ер Италија“, “Алисарда” и “Катар Ервејз”, се согласија да започнат процес за ликвидација на компанијата.

Потегот следува по неуспешните договори за продолжување на финансирањето на компанијата, која бележи рекордни загуби.

“Катар Ервејз”, кој е малцински сопственик на „Ер Италија“ со 49 отсто акции, издаде соопштение во кое потврди дека е донесена одлука за прекин на работата, како и дека од своја страна направиле се што е потребно и биле подготвени да продолжат со инвестирање во компанијата, но за нејзин опстанок е потребно сите сопственици да имаат иста желба.

Според соопштението на италијанската компанија, прекинот на сите авионски летови е планиран за 25 февруари.

До тогаш летовите ќе се вршат според актуелниот распоред.

Оние патници кои имаат билети за летови по тој датум, ќе можат да добијат целосен поврат на средствата или да бидат префрлени да летови од други авио компании без надомест.

„Ер Италија“ постои од 1963 година, а нејзиното седиште се наоѓа во Олбија на островот Сардинија.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Многу силен земјотрес ја погоди Италија