Епидемијата ќе запре ако се вакцинираат 70 отсто од луѓето, сметаат хрватските власти

Од:

Шефот на хрватскиот Национален штаб и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека треба да се стори се за да се вакцинираат што повеќе граѓани, штом ќе пристигне вакцината против коронавирусот во Хрватска.

Божиновиќ на прес-конференција рече дека за да се запре епидемијата, потребно е да се вакцинираат 70 проценти од возрасната популација.

– Според Законот за заштита на граѓаните од заразни болести, постојат вакцини што се задолжителни. Со цел вакцината да ја запре епидемијата, треба да се вакцинираат 70 проценти од луѓето, а ние ќе се погрижиме тоа да се случи, рече Божиновиќ.

Тој потврди дека за ова се разговарало и на вчерашната седница на Советот за национална безбедност на Хрватска.

Според него, ќе биде потребна дополнителна комуникација со граѓаните и изрази надеж дека ќе има поддршка од медиумите, објави загрепски „Јутарњи лист“.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб