ЕП ги усвои резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово

Од:

Европратениците со големо мнозинство ги усвоија резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европратеницте ги поддржаа идните проширувања, но притоа инсистираат дека ќе биде земен во предвид напредокот на секоја земја кандидат посебно.

Хрватска е подготвена да и се приклучи на ЕУ во јули, оценија европратениците, притоа беа повикани двете последни земји-членки на ЕУ да го ратификуваат приемот на Хрватска во ЕУ (Данска и Германија).

Таа ќе може да стане членка кога сите земји ќе го ратификуваат нејзиното членство. Во однос на Србија ЕП подвлекува дека преговорите за членство треба да започнат во јуни 2013 година, под услов да се задржат утврдените реформи од страна на српската Влада во однсо на правосудството, борбата против корупцијата, слободата на печатот и заштитата на сите малцинства.

За Црна Гора се подвлекува дека е постигнат солиден напредок на патот кон зачленувањето во ЕУ, како и улогата која ја има оваа земја во стабилноста на регионот.

Европратениците притоа побараа повеќе напори за заштита на слободата на печатот, правата на жените и половата еднаквост.

За Косово европратениците побараа забрзување на реформите во правната област, заштитата на малцинствата, зацврстување на административните и трговските капацитети што ќе дозволи можност за склучување на договор за стабилизација и стабилизација. Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде разгледан на мајската сесија на ЕП во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски