ЕП бара од Албанија зачувување на течението на реката Вјоса

Од:

Европскиот Парламент ја повика албанската Влада уште еднаш да ја разгледа одлуката за изградба на хидроцентрали на реката Вјоса и нејзините притоки, бидејќи таквиот проект ќе ја загрози една од последните „недопрени“ европски реки, по чие течение нема поголеми населби или индустрија. 

Големо мнозинство од 751 члениот Парламент побараа од Албанија да се откаже од своите намери и поголеми проекти во полето на хидроенергетиката, особено од проектите во националните паркови, пренесува Танјуг.

Вјоса е последната „дива“ река во Европа и по своето течение со должина од 270 километри е речиси недопрена. Сепак, од осумте предвидени хидроцентрали на нејзиниот тек во Албанија, две веќе се во изградба. 

– Заедно со нашите партнери во Албанија се обидуваме да ги запреме хидроенергетските проекти и да воспоставимепрв европски национален парк на дива река во долината на Вјоса. ЕП праќа силен сигнал до албанската влада да се откаже од таквите проекти, изјави Улрих Ајхелман, координатор на кампањата „Да го заштитиме синото срце на Европ“, предводена од австриската организација за заштита на реките „Ривервоч“ и германската еколошка организација „ЕуроНатур“. 

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент