Експресно одземен мандатот на пратеникот Пренга

Од:

По барање на Обвинителството во Тирана за одземање на имунитет на социјалиститичкиот пратеник Армандо Пренга, ексресно реагираше Советот за мандати и именувања при албанскиот парламент, кој доцна синоќа одржа седница.

Пратенокот Пренга, кој е во притвор, во придружба на полиција бил донесен на седницата, при што во изјавата пред колегите пратеници ги отфрлил сите обвинувања, додавајќи дека токму тој е оној кому му се заканувале и оти неговиот живот бил во опасност.

– Јас не влегов ни во физички конфликт, ни со оружје, бидејќи немав потреба да земам друго оружје кога поседувам оружје со дозвола. Ова е едно сценарио против мене и мојата фамилија, но верувам дека правдата ќе победи. Ова ми го направија командирите кои се членови и симпатизери на опзициската Демокрадска партија, обвини Пренга.

Претставник на обивнителството потврди дека на рацете на Пренга пронајдени се остатоци од барут. На местото на инцидентот пронајдени биле две оружја. Од сите лица инволвирани во настанот произлегло дека само двајца на прстите имаат остатоци од барут, а еден од нив бил и пратеникот Армандо Пренга.

За разлика од претходните два случаи „Доши“ и Фроку“ кога требаше да им се одземе мандатот на пратениците Том Доши и Марк Фроку, во синоќешниот случај немало многу дебата, па едногласно му е одземен мандатот на пратеникот од Лач, Армандо Пренга. Тој се товари за три кривични дела: „поседување оружје и муниција без дозвола“, „тешко ранување со умисла“ и „закана“.

За денеска е закажана итна седница на парламентот на која пратениците само формално ќе ја изгласаат одлуката на советот за мандати.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент