ЕК: Словенија и Хрватска треба под итно да се договорат за „Љубљанска банка“

Од:

Европската комисија денеска апелираше до Словенија и Хрватска итно да изнајдат прифатливо решение за прашањето на „Љубљанска банка“ за да може ратификацијата на хрватскиот пристапен договор да заврши на време.

Портпаролот на европскиот комесар за проширување Петар Стано прашан дали останува на ставот дека „Љубљанска банка“ е чисто билатерално прашање кое не би требало да влијае врз процесот на ратификација, тој истакна дека „во овој момент не е од помош каков било чекор, изјава или однесување кое не води кон взаемно прифатливо решение за прашањето за „Љубљанска банка““.

Изјавата на ЕК уследи по изјавата на хрватскиот преговарач, финансискиот експерт Здравко Рогиќ, кој рече дека согласувањето со словенечкото барање за повлекување на полномошната дадени на „Стопанска банка“ и на „Загребската банка“ двете земји да постигнат договор „практично значи дека Хрватска и подарува на Словенија 278,8 милиони евра“.

Рогиќ истакна и дека Словенците треба да изнајдат решение за да се спречи бранот судски пресуди.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ