ЕК очекува Хрватска и Словенија да ја спроведат одлуката на арбитражниот суд

Од:

Европската комисија очекува Хрватска и Словенија да ја спроведат арбитражната одлука за границата, изјави денеска во Стразбур првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс.

– ЕК ја има предвид одлуката на арбитражниот суд и очекува од двете страни да ја спроведат, истакна Тимерманс откако ЕК расправаше за одлуката на арбитражниот суд од 29 јуни за границата на копно и море меѓу Хрватска и Словенија.

Тој нагласи дека Комисијата помогнала во придвижување на арбитражниот процес за решавање на спорот, кој трае повеќе од 20 години, додавајќи дека секогаш поддржувала мирно решавање на гранични проблеми.

ЕК ја поздрави најавената средба меѓу премиерите Миро Церар и Андреј Пленковиќ на 12 јули во Љубљана, изразувајќи надеж дека нема да има никакви еднострани потези.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија