ЕК ја притиска Грција за проверка на податоците на бегалците

Од:

Европската комисија усвои извештај со кој препорачува мерки за да се осигура дека Грција ги проверува податоците на сите бегалци со податоците од кривичните бази на податоци, и да им обезбеди сместување додека трае проверката.

Комисијата соопшти дека мигрантите кои не ги исполнуваат условите за да им биде пружена заштита, мораат во најкус можен рок да бидат вратени дома, а мора да се зајакне и контролата на границите со помош на нова опрема и инфраструктура.

Грција има рок од три месеци да ги исполни барањата на Комисијата, а ако не го направи тоа, Комисијата ќе препорача другите членки на Европската Унија повторно да воведат гранична контрола, со цел да се заштити Шенген зоната.

По притисокот од страна на ЕУ, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос синоќа изјави дека вооружените сили на земјата ќе се вклучат во изградба на центрите за регистрација на имигранти и бегалци, кои пристигнуваат во Грција од соседна Турција.

Каменос подвлече дека локалните „профитери“ делумно се одговорни за забавувањето и изјави дека повеќе никој нема да бара од мигрантите по пет евра за да им ги наполни мобилните телефони, или четири евра за шише вода.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос