Еди Рама ја комплетира имунизацијата со втората доза од вакцината на „Фајзер“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја прими втората доза од вакцината на “Фајзер” против Ковид – 19 .

Тоа е една од 1.170 дози вакцини што доцна синоќа пристигнаа во Тирана од споменатата компанија.

Рама најави дека, врз основа на договорот со Фајзер, следната недела во земјата ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а до крајот на месецот уште 30 илјади .

Тој прв ја прими втората доза, а веднаш по него и Најада Чомо, началник на Инфективната клиника, која, пак, прва ја прими првата доза.

Инаку Албанија има договор за набавка на 500 илјади дози вакцина од Фајзер, а како што најави преговараат и со други компании за дополнителни количества.

Би можело да ве интересира

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски